Меџити: Анализите на експертите јасно покажаа дека отворањето на каменоломот во Страчинце ќе има сериозни последици врз животната средина

Од:

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска ги прими во својот кабинет жителите од селото Страчинце, со кои одржа отворен состанок за одлуката за одбивање на барањето за отворање на каменолом во оваа скопско село, информираат од МЖСПП.

Министерот Меџити ги информирал жителите за професионалните и институционалните причини што доведоа до оваа одлука.

-Анализите на експертите јасно покажаа дека отворањето на каменоломот ќе има сериозни последици врз животната средина, ризик од поплави и негативно влијание врз јавното здравје, се вели во соопштението од МЖСПП.

На состанокот било истакнато дека приоритет е заштитата на животот и благосостојбата на граѓаните над секој економски интерес.

Меџити истакна дека следниот чекор е конечно поништување на концесијата во Влада, со што ова прашање ќе добие трајно решение.

Жителите на Страчинце се заблагодариле за одлуката и за приемот што го остварил министерот Меџити, нагласувајќи дека овој состанок е пример за владеење со отворен дијалог и чесна соработка со граѓаните.

Би можело да ве интересира

Средствата за чистење на малата депонија во ОХИС се пренаменети за кампањата на Меџити, обвинија од Движењето Слободни и независни

Меџити: Нема да има предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Меџити: Дали Османи и Ахмети ќе продолжат да стојат пред ВМРО-ДПМНЕ за да прават влада со „албанофобот“ Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Меџити: Чаир ќе добие подземни контејнери и 3.000 нови паркинг места

А1он

Меџити: Ахмети не зборува ништо за „српскиот свет“, бидејќи лобисти се неговиот син и неговото семејство

Чаир заслужува работа, визија и конкретни дела, порача Меџити