А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Медиумските работници да бидат во приоритетните групи за вакцинација, бара Македонската асоцијација на новинари

by А1он14/02/2021 - 21:45299
Share0

Македонската асоцијација на новинари – МАН бара од Владата да се обезбеди примарна вакцинација за медиумските работници кои секојдневно се максимално изложени на ризикот од зараза со корона-вирусот паралелно со вакцинацијата на медицинските лица и најзагрозената категорија на стари лица и изменоштени лица.

Добивај вести на вибер

– Поради карактерот на извршување на работните обврски, новинарите – репортери, снимателите, фоторепортерите се секојдневно изложени на ризикот од зараза со корона-вирусот. Затоа е неопходно да се изврши нивна имунизација заедно со примарните групи предвидени за вакцинација. Македонската асоцијација на новинари МАН е подготвена да излезе во пресрет на Владата обезбедувајќи листа на членови (медиумски работници) за кои е потребна итна имунизација, истакнуваат од МАН.

Истовремено, ги повикуваат своите членови кои сакаат да се вакцинираат против корона-вирусот да се пријават на официјалната е-маил адреса на Македонската асоцијација на новинари ([email protected]) за полесна организација на самиот процес.

kovid vakcinanovinari

Би можело да ве интересира

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Горан Наумовски30/01/2026 - 13:41

Меѓународна федерација на новинари: 128 новинари и медиумски работници убиени низ целиот свет во 2025 година

Горан Наумовски02/01/2026 - 19:45

Пентагон воведува строги ограничувања за новинарите

Горан Наумовски21/09/2025 - 19:58

Трамп: Би сакал новинарите да имаат пристап до Газа

Горан Наумовски15/08/2025 - 07:2415/08/2025 - 07:29

СДСМ: Полицијата на Тошковски повторно легитимира новинари

Предраг Петровиќ12/08/2025 - 15:20

Убиени се двајца новинари во Газа

Горан Наумовски26/03/2025 - 07:44
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен