Медиумите деновиве ќе се појават на преговарачка маса, се очекува договор и за избирачкиот список

Од:

По договорот на партиите за специјалниот јавен обвинител, деновиве продолжуваат разговорите за изборниот законик. Се очекува наскоро да се постигне некакво решение за избирачкиот список, а ќе се отвори нова точка од постигнатиот протокол од Пржино посветена на медиумите и јавниот радиодифузен сервис.

Работните групи деновиве се среќаваат на билатерални средби со посредувачите. Веруваат дека на тој начин ќе се постигнат повеќе резултати. Не очекуваат денеска да биде постигнат некаков договор, туку ќе продолжат со средбите утре и викендов.

– Ќе видиме какво ќе биде однесувањето на другите учесници по тоа што им се случи со специјалниот јавен обвинител. Да видиме дали посериозно ќе ги сфатат преговорите. Во секој случај губиме време затоа што ова прашање требаше веќе да биде завршено – вели една страна од преговорите.

Приоритет на следните средби ќе биде избирачкиот список затоа што е потребно повеќе време да се реализира. Не се поместени позициите кога станува збор за гласањето на дијаспората и промената на изборниот модел.

– Нема форално напредок од минатиот пат. Сите се на своите позиции и не се мрднуваше работата иако времето не гази. Изборичиот список треба да се реши затоа што е потребно време да се спроведе. Избирачкиот модел се дискутира, но не знам колку има шанса за промена. За гласањето на дијаспората мора да има промена. Не знаеме се уште како ќе се регулира, но знаеме дека нема да биде како до сега – велат извори за „А1он“.

Можно е прашањето за медиумите да се отвори паралелно додека се уште течат преговорите за изборниот законик. Се очекува медиумите да бидат ставени на маса деновиве или на почетокот на следната недела.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ