Медитеранските палми едвај ја преживеаја скопската зима

Од:

Оваа зима ги докусури палмите од Луна Паркот, оние пак поставени до Камениот мост успеаја да преживаеат бидејќи навреме беа засолнети од студот, велат од Паркови и зеленило. Цела зима се грееле на дрва, а деновиве се изнесени надвор и чекаат налог од градот за повторно да бидат вратени на градските плажи. Иако животниот век на овие растенија изнесува над 50 години, се чини медитеранските палми тешко ги преживуваат скопските климатски услови.

Пред грижата за нив да ја преземат паркови и зеленило, палмите беа во незавидна состојба. Експертите уште при нивното засадување предупредуваа дека бетонските саксии се непогодни за живот на овие растенијата. Од јавното претпријатие убедуваат дека направиле се што е во нивна моќ за да бидат опоравени. 15-те палми од плажата кај Камениот мост сега се во добра состојба. Од оние пак на плажата кај Луна паркот, едвај живуркаат уште 5, но и за нив нема гаранција дека ќе преживеат.

Само за набавка на 15-те палми кај Камениот мост градот потроши 15 000 евра, но со останатите трошоци се претпоставува дека сумата порасна до 25 илјади евра, пари на граѓаните. Иако беа најавувани како револуционерен проект, се чини ниту сенките на палмите не беа доволно добра причина да ги натераа скопјени, за време на летните горештини да се засолнат на градските плажи.

Јасмина Јакимова

Би можело да ве интересира

72-годишен маж од Скопје починал на улица

СДСМ: Скопје се гуши поради неспособноста на власта и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

Променливо облачно со претпладневен локален дожд

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост

(ФОТО) Паднати дрвја низ цело Скопје, ветрот правеше масакр по улиците

А1он

Невреме со силен ветер во Скопје – паднати кровови од згради во Чаир и во Ѓорче Петров

А1он