Мециновиќ: Eдинствени сме кои можеме да ги мобилизираме и да подадеме рака на сите елементи во општеството

Од:

Пратеникот Амар Мециновиќ потврди дека партијата Левица е подготвена веднаш за избори.

„Животот во државата не напредува во ниту еден поглед. Напротив, само се уназадува. Очекуваме голема поддршка и сериозен резултат доколку се одржат избори, особено во Скопје и урбаните средини. Левица ја прифаќа идејата на Мицкоски за предвремени парламентарни избори и повикуваме на истите, затоа што сметаме дека, моментално, како политичка опција сме единствени кои можеме да ги мобилизираме и да подадеме рака на сите елементи во општеството кои сметаат дека е време да почнеме да создаваме општество кое е поинаку замислено од ова што може ДПМНЕ и сите политички сили кои досега владееле да ни го пружат. Сметаме дека веќе ширум целата територија на Република Македонија имаме консолидирани гласови во изминатите пет години и не очекуваме никакви негативни осцилации. Напротив, позитивни осцилации и дека во Скопје трендот кој го забележавме на локални избори ќе продолжи” – истакна Мециновиќ.

Би можело да ве интересира

Левица: Само левата идеја е државотворна

Горан Наумовски

Левица: „Стив Наумов“ веќе се распаѓа со водени ѕидови, расипано парно, пукнати цевки и мизерна храна

Левица: Мицкоски тврди дека економијата е „многу, многу постабилна“, а секое трето дете живее во сиромаштија

А1он

Левица: По скандалот со Македониумот, Оџаклиески ја токми архиварката Стоиловска од ЗНАМ за директор на музејот во Крушево

Левица: Владата го зголемува товарот на задолжувањето, а ги намалува инвестициите во развојот

Катерина Ѓуровски

Левица: Прифаќаме преговори, но сме против билатералните уцени од Бугарија како предуслов за евроинтеграција

А1он