Маж се удави во Вардар, познат идентитетот

Од:

По извршениот увид од јавен обвинител и увидна екипа, утврден е идентитетот на мажот кој вчера се удави во Вардар.

Случајот беше пријавен вчераутро по што полицијата поведе потрага и го откри безживотното тело на 73-годишниот гостиварец во близина на мостот меѓу Старо Чајле и Форино.

Според првичните сознанија на полицијата, очевидец по телефон пријавил дека маж скокнал од железничкиот мост под старата кланица, а неговото тело водата го однела по течението на реката. Безживотното тело е пронајдено со повреди на главата, најверојатно здобиени од падот.

Мотивите и причините за смртта, најверојатно ќе се утврдуваат по обдукцијата и постапката на јавен обвинител.

Би можело да ве интересира

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар