Маж се обидел сексуално да нападне две жени во Карпош

Од:

Во полициската станица Карпош вчера биле пријавени два случаja на жени кои биле нападнати од маж кој сакал сексуално да ги напаствува. Нападите се случиле на улицата „Волгоградска“ во скопски Карпош.

Во 11:30 часот вчера во Полициската станица Карпош, О.К.Л. (42) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 11:00 часот на ул. „Волгоградска“ непознат сторител излегол пред неа со спуштени панталони и се обидел и неа да ја соблече. О.К.Л. го истуркала од себе, по што сторителот побегнал во непознат правец.

Во 13:40 часот во Полициската станица Карпош, С.С. (24) од Скопје пријавила дека на истата улица во 13:00 часот, во влез од зграда, непознат сторител ја нападнал одзади и почнал да ја допира по градите и телото. Таа го турнала, по што тој избегал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случаите.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски