Маж од Тетово измамил жена за 732 евра

Од:

Полицијата извести дека вчера во 16.35 часот во СВР Тетово, 41 – годишен државјанин на Косово пријавил дека неговата сопруга била измамена од Е.В.(45) од Тетово.

Според пријавеното, во текот на минатиот месец, во комуникација преку социјалните мрежи, тој ѝ ветил дека ќе ѝ среди во Скопје да полага испит по германски јазик согласно законските прописи и, откако се договориле, таа преку брз трансфер на пари му уплатила 732 евра.

Откако последните денови не им се јавувал, тие сфатиле дека биле измамени. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Се претставуваат како спасители на повредени роднини и им ги земаат заштедите на повозрасните

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

Бугари измамиja 79-годишна жена кај Дубровник – и собраа 8.000 евра за „операција на нејзината внука“

А1он

Екс вработен во Катастар измами скопјанка за околу 2.000 евра за приватизација на земјиште

А1он

Во Белград се уапсени измамници од Македонија и Франција

Горан Наумовски

Пензионери се мета на лажни лекари – во Пирот е уапсен бугарски државјанин кој измами старица

А1он