Маж од Кочани слушаше гласна музика, дојдоа полицајци и без причина го претепаа

Од:

МВР до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против З.Т. и К.Д., поради постоење основи на сомнение за сторно кривично дело „малтретирање во вршење на службата“.

„Двајцата пријавени, полициски службеници во Полициската станица Кочани при СВР Штип, при извршување на службени задачи на 7.9.2025 година во врска со пријава за гласна музика, влегле во дворот на лицето пријавено за пуштање на гласна музика и без да бидат исполнети условите за употреба на средства за присилба, неовластено употребиле физичка сила врз него и му нанеле телесна повреда. Одделот за внатрешна контрола против двајцата ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка“, извести МВР.

Би можело да ве интересира

Седум полицајци повредени во антитерористичка операција во Турција

(ВИДЕО) Трагедија во Русија: Маж активираше експлозив кога му се приближија полицајци, сите се мртви

Горан Наумовски

Двајца полицајци од Тетово помогнале во уништување на докази за двајца уапсени дилери

Горан Наумовски

Полицајци земале поткуп од странци, па им фингирале документи дека влегле или излегле од Македонија

Тројца насилници со боксови нападнале полицајци, на крај завршиле во станица

Полицајци спасија повреден припадник на АРМ на линија на пожар

Горан Наумовски