Матусркиот испит во гимназиите во Берово и Делчево без проблеми

Од:

Во беровската гимназија „Ацо Русковски “ денеска матурски испит по предметот мајчин јазик и литература полагаат 94 матуранти. Како што истакна диеректорот на СОУ „Ацо Рисковски“, Гоце Џалевски, полагањето започна навреме и се одвива во најдобар ред.

– Денеска македонски јазик полагаат 94 матуранти. Распоредени се по 15 ученици во 7 простории. Полагањето започна навреме, а ќе трае 4 часа, односно до 14 часот. Вториот дел од матурскиот испит ќе се одвива на 10 јуни кога ќе се полага странски јазик, а завршниот испит е на 14 јуни, истакна Џалевски.

Во беровската гимназија 36 матуранти нема да полагаат матурски испит, дел од нив кои учат средно стручно образование ќе полагаат завршен стручен испит.

Во делчевската гимназија „М. М Броцо“ денеска матурски испит по мајчин јазик и литература полагаат полагаат 66 матуранти, а останатите 35 ќе полагаат училишна матура.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Напредувањата во звања мора да се темелат на квалитет

Заменик министерот за образование поднесе неотповиклива оставка

Горан Наумовски

Мицкоски: Mоите колеги кои ќе сакаат да градат академска кариера ќе треба малку повеќе да пишуваат научно-истражувачки трудови

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска