Матурантите полагаат мајчин јазик

Од:

Денеска, матурантите полагаат мајчин јазик. За полагање македонски јазик се пријавиле 12.729 кандидати, за албански – 5.791, а турски јазик ќе полагаат 411 матуранти.

Овој испит е задолжителен, и матурантите имаа 4 часа за размислување и одговарање.

Со тестирање ќе бидат опфатени 97 јавни средни и 7 приватни средни училишта во Република Македонија за учениците од гимназиското, уметничкото и средното стручно образование со четиригодишно траење.

На 12 јун, ќе се полага вториот испит, математика. За полагање математика се пријавиле 2.189 кандидати, а за напредно ниво, само 19 ученици. Англиски јазик ќе полагаат 16.248 матуранти, француски – 295, а за германски јазик се пријавиле 149 ученици.

Полагањето ќе го следат 230 набљудувачи и 2.000 тестатори.

Матурантите ќе знаат по еден месец, дали положиле или не. Доколку се убедени дека не се соодветно оценети, ќе може да подмесат приговор, кој ќе ги чини 2.000 денари.

Матурата ќе ја чини државата околу 12 милиони денари.

Иако испитните материјали до последен момент се чуваа прашањата во тајност, вчера на социјалните мрежи беа објавени дел од одговорите за тестовите по македонски јазик.

Се очекува надлежните да објаснат дали се работи за вистинските тестови, и дали некој ќе сноси одговорност за „провалување“ на тестот.

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска