Масовна тепачка на прослава за Митровден во црква во Баница

Од:

Масовна тепачка се случила во црквата „Св. Димитрија“ во село Баница, Струмичко.

Според информациите на МВР, вчера во 12 часот во полиција било пријавено дека во дворот на црквата „Св. Димитрија“ во село Баница, Струмичко, за време на прослава по повод верскиот празник Митровден, дошло до тепачка помеѓу лицата Д.М.(31) и Т.М. од село Баница од една страна и Н.С. и Ѓ.Т. од друга страна, по што се приклучиле и други лица.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил Д.М., кој по укажаната помош во Медицинскиот центар Струмица бил препратен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Со телесни повреди се здобиле Т.М. и П.А.(28),. Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ