Масовна тепачка на бензинска во Струга

Од:

Недоразбирање околу ред кој прв да натпочи гориво, прераснало во масовна тепачка на бензинска пумпа на „Макпетрол“ во Струга.

Инцидентот во кој учествувале две групи млади од Велешта и Струга се случил рано утрово околу 5.30 часот.

Интервенирала полицијата која едвај успеала да ги смири раскараните страни. При интервенција на полициски службеници, неколку учесници во тепачката физички ги нападнале полицајците и притоа на еден му ја оштетиле службената облека.

Во врска со овој настан, во ПС Струга се приведени неколку учесници во тепачката кои биле во алкохолизирана состојба. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Полицијата работи на расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Водата во Струга не е исправна за пиење

Општина Струга на аукција ќе го продава „аудито“ на Мерко, почетната цена e 21.800 евра

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски