Маскиран влегол со автоматска пушка и украл на 5000 евра од казино во Лешок

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка.

На 24 април, осомничениот, маскиран со „фантомка“, влегол во казино во Лешок и со автоматска пушка која на граѓаните им е забранета им се заканил на вработениот во обезбедувањето и на уште едно присутно лице. Ја репетирал автоматската пушка и им наредил на оштетените да легнат на подот, по што од фиоките на касите одзел 329.780 денари.

На овој начин осомничениот сторил кривично дело – Разбојништво по член 237 став 4 во врска со став 1, како и кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи по член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постои опасност од бегство, можност тој да влијае врз сведоците и да го повтори делото. Судот го прифати предлогот и определи притвор во траење од 30 дена.

Би можело да ве интересира

Продолжува истрагата за запленетите над 40 тони марихуана, се проверува поврзаноста со откриената дрога во Србија

Обвинителство оформи предмет по допрен глас за заканите кон новинарот Александар Видиновски

Четворица од неготинско силувале 13-годишно девојче

Катерина Ѓуровски

Досега четворица пријавени за Државен јавен обвинител, огласот се затвора на полноќ

Горан Наумовски

Со ножеви и ножици ја заклал мајка си – Обвинителството објави детали за хоророт во Богданци

Катерина Ѓуровски

Го скршил стаклото на бугарската амбасада од омраза, Обвинителството бара притвор