Машинист од Прилеп пронајден затрупан во одрон од земја во рудникот „Суводол“

Од:

38-годишниот К.Т. од Прилеп, кој работел како машинист, пронајден е затрупан во одрон од земја во рудникот „Суводол“.

Како што соопшти МВР, случајот е пријавен ноќеска, во 02.30 часот во СВР Битола.

Лекар од Итна медицинска помош Битола констатирал смрт, а увид извршила екипа од СВР Битола. На местото на настанот биле Трудов инспектор и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено на обдукција.

Би можело да ве интересира

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар