Марш за родова рамноправност во Куманово

Од:

Во организација на здружението „Јустиција“ денеска по трет пат во Куманово се одржа маршот за родова еднаквост.

Оваа година маршот е симболичен поради, како што објасни претседателката на здружението, Оливера Доцевска, општествено-политичките прилики во кои се наоѓа државата.

Членките на здружението и граѓани маршираа од градскиот плоштад до малиoт плоштад во Куманово, каде што пред споменикот Жена Борец оставија бели цветови, во знак на почит кон сите оние кои дале придонес за родовата рамноправност.

– И оваа година протестираме за родова рамноправност во поделбата на политичките функции, еднаков број на министерски места, еднаков број на градоначалнички места, за правото на сите жени за работа, бидејќи се уште има жени на кои им се забранува да работат, рече Доцевска.

Членките на здружението поделија цветови на продавачките на осмомартовското пазарче кое е лоцирано на градскиот плоштад.

Би можело да ве интересира

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски

Силен ветер откорна парче лим од покрив на зграда во Куманово

А1он