Марш за чист воздух во Скопје

Од:

Во организација на коалицијата О2 за чист воздух, Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ и повеќе граѓански организации вечерва во Скопје се одржува марш за право на чист воздух.

Граѓаните маршираа од пред зградата на Владата од каде се упатија кон населбата Карпош, за да се приклучат на учесниците во тамошниот протест под мотото „Стоп за згради“.

Учесниците на протестот бараат да бидат стопирани сите градежни активности од булеварите „Илинден“ до „8-ми Септември“, до Кејот на Вардар и улицата „Љубљанска“.

Од Коалицијата О2 испратиле предлог мерки за справување со загадувањето до Министерството за животна средина, а бараат тие да бидат дел и од програмите на кандидатите за градоначалници.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски