Мароканец украл камион, полицијата го фати кај Лојане

Од:

Мароканец украл товарно возило „мерцедес“, случајот бил пријавен во полициска станица во Кочани, а крадецот е фатен на местото викано Миратовски пат.

– На 09.04.2024 во 22.25 часот полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Сопот во с.Лојане на место викано Миратовски пат поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „одземање на моторно возило“ го лишиле од слобода А.Е.(31) од Мароко, информираше МВР.

Претходно, за товарното возило „мерцедес“ со кочански регистарски ознаки во Полициската станица Кочани било пријавено дека било одземено од непознато лице. По насоки од јавен обвинител лицето и возилото ќе бидат предадени на полициски службеници од Полициската станица Кочани за понатамошна постапка.

Би можело да ве интересира

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар