А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

МАРнет избира национален кириличен домејн за Македонија

by А1он19/11/2012 - 15:53165
Share0

Македонските граѓани наскоро ќе може да користат интернет на македонско кирилично писмо преку нов национален кириличен домејн. За таа цел Македонската академска истражувачка мрежа МАРнет на својата веб страница (www.marnet.mk), денеска постави прашалник кој кириличен домејн најадекватно би ја претставувал Македонија во меѓународното интернет пространство.

Добивај вести на вибер

Процесот на прибирање предлози ќе трае до 3 декември, по што тие ќе бидат разгледани од МАРнет и ќе се одредат низите кои ги задоволуваат пропишаните технички критериуми. Еден од најбитните услови е низата на карактери која што го означува интернационализираниот врвен домејн значајно да го претставува името на соодветната земја или територија, информираа на прес-конференција министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски и директорот на МАРнет Сашо Димитријевски.

За низа која значајно го претставува името на земјата се смета онаа која е на официјалниот јазик на земјата и го претставува целосното име, дел или некаква кратка форма на името на земјата. По определување на низите што ќе ги исполнуваат сите критериуми за да станат интернационализиран врвен кириличен домејн, ќе бидат ставени на гласање на веб страницата на МАРнет. По завршување на процесот на гласање, што ќе трае еден месец, а во кој ќе може да се вклучат сите заинтересирани граѓани, здруженија или правни субјекти, предложената низа која ќе освои најголем број гласови ќе биде ставена во официјалното барање за започнување на процесот за добивање на врвниот кириличен домен за Република Македонија до надлежната меѓународна организацијата ICANN.

Министерот Ивановски апелира граѓаните, невладините организации и сите институции да се вклучат во изборот за да се дојде до најадекватниот домен со кој Република Македонија ќе биде препознатлива на интернет. Предлозите треба да бидат различни од постоечкиот латиничен домен .mк. Потребно е да се направи нова ознака и дали тоа ќе биде мкд кирилично, или .македонија или .маакд, останува на граѓаните, но ИКАНН го бара доменот што ќе биде на мајчин јазик да биде различен од тој на латинично писмо. Се надевам дека граѓаните ќе излезат со креативни решенија кои ќе бидат во интерес и на идентитетот и на Република Македонија, истакна Ивановски.

Според директорот на МАРНЕТ, основното правило на ИКАНН за делегирање и добивање врвен домејн предвидува името со кое ќе се аплицира да произлезе од јавна расправа и тоа јасно да се покаже при процесот на аплицирање.

ICANN како организација што ги контролира домејн кодовите на највисоко ниво од 2009 година овозможи покрај латинични да се регистрираат домејн веб страници на повеќе јазици. Македонија по изборот и регистрацијата ќе биде петта држава во светот со регистриран кириличен домејн. Моментно свои кирилични национални домејни имаат регистрирано Руската федерација, Србија, Казахстан и Монголија.

Изборот на националниот кириличен домен што го спроведува МАРнет се одвива под мотото „Интернетот учи кирилица да го научиме заедно“.

tech

Би можело да ве интересира

Сеавус талент програма за IT операции и поддршка

Ана Ололовска06/09/2018 - 10:58

Аудио плеер за лица со посебни потреби

Ана Ололовска26/02/2015 - 08:26

Паметниот часовник на „Епл“ наскоро влегува во производство

Емир Латифовиќ21/12/2014 - 08:2121/12/2014 - 08:24

Македонија ќе добие лабораторија за јонизирачко зрачење

Ана Ололовска25/03/2014 - 12:27

Од утре iPhone 5 во Македонија

Емир Латифовиќ13/12/2012 - 15:41

АЕК организира натпревар: „Која е твојата апликација“

Емир Латифовиќ04/12/2012 - 15:51
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен