Марковски: Безбедни и функционални мостови, а не град на препукувања и префрлање одговорност

Од:

На Скопје му требаат функционални и безбедни мостови, кои ќе функционираат и ќе придонесуваат кон растеретување на сообраќајот во главниот град.

Ова го изјави професорот Горан Марковски, независен кандидат за градоначалник на Скопје поддржан од граѓанската платформа „Независни заедно“.

Имено, тој зборуваше пред мостот „Љубљанска“, кој е на територија на општина Карпош, а чиј проектант е токму професорот Марковски.

Меѓудругото тој истакна дека мостот не е пуштен во употреба, не функционира затоа што властите се конфронтираат меѓусебно во врска со еден дел од мостот во должина од 5 метри, кој треба да се доврши, но градот и општината ја префрлуваат надлежноста од еден на друг.

„Мојата визија за Скопје е град со значително поголема безбедност во сообраќајот, каде што ќе се мапираат сите критични точки и ќе се постави поголема сигнализација. Сепак, планираме и дестимулирање на возењето на автомобили. Јавниот транспорт и алтернативните превозни средства мора да станат наше секојдневие“, истакна Марковски.

Професорот ја започна својата прес – конференција во „5 до 12“, затоа што алармот за Скопје е вклучен. Тој ги повика сите граѓани на 19. Октомври да гласаат за бројот 128 за градоначалник и 39 за листата советници во Град Скопје предводена од Јана Белчева Андреевска, со цел да престанат лошите пракси и грубата партизација на градот и јавните претпријатија.

„Независни заедно“ е широка граѓанска платформа која ги обединува независните советници и локални иницијативи од неколку скопски општини-„Шанса за Центар“, „Зелените за Гази Баба“ и „Групација 389“.

Би можело да ве интересира

Снопче бара од Гаши пред Нова Година да ги распише повторните избори во четирите општини

Мицкоски: Владата согласно закон ќе именува повереници во општините каде изборите беа неуспешни

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

Јакимовски: ВМРО-ДПМНЕ во Карпош не победивте! Силувавте! Карпош го украдовте

ДИК ги објави конечните резултати за Скопе и 29 општини

Катерина Ѓуровски

Хаким Рамадани поднел приговори за вториот круг од изборите во Брвеница

Катерина Ѓуровски