Марков: Судијката која го ослободила возачот го водеше „Талир 2“ за притисок врз ВМРО-ДПМНЕ

Од:

СДСМ во недостаток на основи за објективна критика се обидува да користи несреќни случаи за дневна политика и за манипулација на чувствата на луѓето која на крај завршува со дополнителни разочарувања и трауми за семејствата, вели пратеникот Петар Марков од кого беше побаран коментар на партијата во врска со случајот за младата Фросина.

Марков во овој контекст, потсетува и на случаите Нешковски и Младенов чија несреќа беше со години политички злоупотребувана, додека пак Венко Филипче како и неговиот стопан Зоран Заев имаат една заедничка одлика која подразбира да не размислуваат на средствата кои ќе ги употребат, а ги ставаат во функција на одвлекување на фокусот од нивните криминали.

„Што се однесува до самиот случај, вредно е да се напомене дека дваесетгодишникот кој ја усмрти девојката, минатата година бил ослободен од притвор со одлука од судијката Даниела Алексовска Стојановска, која освен што го ослободила, како полнолетен го упатила во воспитно поправен дом“, напомнува Марков притоа констатирајќи дека тоа е всушност истата судијка која постапувала по предметот Талир 2 каде низ политичко судски притисоци беше таргетирана токму ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито

(ВИДЕО) Кузманоска: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја доведе економијата до раст од 4,3 отсто

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски

Филипче го слави системот што го спаси од обвинение, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како да го наполни џебот

А1он