Марјан Ристески го започна третиот мандат

Од:

Старо-новиот градоначалник на Прилеп Марјан Ристески денеска го започна третиот мандат и најави околу 400 проекти на кои ќе работат со целиот тим од локалната самоуправа на најголемата по територија општина.

Проектите, нагласи Ристески, се од сите сфери на развојот на Прилеп: од инфраструктурата со локални патишта, доуредување на централното подрачје, но и на периферните делови на градот, канализациона и водоводна мрежа за населените места, проекти од социјалата, образованието, културата.

Главен акцент во наредните четири години, истакна тој, ќе биде на економијата.

– Приоритет ќе бидат индустриските зони, нови стопански капацитети и нови вработувања, вели Ристески.

Годинава ќе биде во знакот на најаголемиот проект финансиран од фондовите на европската унија, а тоа е пречистителна станица за отпадните води во вредност од 20-ина милиони евра и уште 10 милиони за нова 72 километри канализациона мрежа.

Би можело да ве интересира

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар