Марин: Наскоро голема акција за чистење на депониите во Аеродром

Од:

Општина Аеродром наскоро во соработка со Град Скопје и неговите јавни претпријатија ќе организира голема акција за чистење на дивите депонии на целата нејзина територија.

Ова го соопшти градоначалникот на Аеродром, Златко Марин на денешниот состанок со надлежните служби од Секторот за комунални работи.

На состанокот, како што се наведува во соопштението на Општината, беше договорено наредните денови да се направи микро-план со локации што ќе бидат опфатени во акцијата, како и неопходната механизација, што ќе биде потребна јавните претпријатија „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“ да ги стават на располагање.

Во акцијата ќе бидат вклучени од 1.000 до 1.500 лица, а добредојдени ќе бидат и волонтери со висока еколошка свест.

Оваа голема еко-акција претставува симболичен почеток на реализација на стратегијата на Општина Аеродром, како локална самоуправа, за целосно чистење на дивите депонии на нејзината територија, се вели во соопштението и се додава дела за почист Аеродром и континуирано одржување и заштита на јавните површини во иднина ќе се применуваат строги казни за загадувачите на животната средина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајановски: Аеродром ќе биде функционална, транспарентна и услужна општина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Запалени три возила во Аеродром, штетат е голема, полицијата уапси двајца пиромани

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Аеродром ќе добие на нов модерен спортски центар

Германската полиција уапси Хрват поради дрон над аеродромот

Тревога во Германија: Аеродромот во Минхен итно затворен поради дронови

(ВИДЕО) Филипче: Аеродром не заслужува да изгледа како депонија, време е за промена со Александар Трајановски

Горан Наумовски