Марин: Буџетот за животна средина во Аеродром ќе се зголеми 20 пати

Од:

Буџетот за животна средина во Општина Аеродром ќе се зголеми за 20 пати, а ќе се реализираат и голем број мерки за чист воздух, истакнал градоначалникот на Аеродром Златко Марин на синоќешната средба со претставниците на О2 Коалиција за чист воздух и на други граѓански организации.

На средбата, како што соопшти прес-службата на Општина Аеродром, се дискутирало за можностите за интервентни мерки, кои општината би ги преземала во насока на намалување на загадувањето.

Од новиот општински буџет, како што рече Марин, ќе се издвојат околу 300.000 евра за реализација на конкретни мерки за почист воздух, односно 20 пати повеќе од досегашните средства на годишно ниво за заштита на животната средина.

Дел од претставниците на граѓанските здруженија, кои присуствуваа на средбата предложија неколку мерки, кои би дале резултати на краток рок во соработка со Градот Скопје, Министерството за животна средина и другите надлежни институции, меѓу кои инсталирање филтри на оџаците на индивидуалните куќи, искористување на сончевата енергија, подобрување на условите за користење јавен превоз, користење на нова генерација катализатори за моторни возила, кои ја намалуваат емисијата на штетни материи, да се зголеми ефикасноста на инспекциските служби, како и да се работи на зголемување на јавната свест.

Општина Аеродром, како што е наведено во соопштението, сериозно ќе ги земе предвид сите предложени мерки од состанокот и ќе изготви конкретен краткорочен план, кој ќе биде достапен на јавноста, а во меѓувреме ќе се работи на трајно решавање на загадувањето.

Би можело да ве интересира

Обвинителството побара мерки за претпазливост за малолетниците кои во Аеродром тепаа и со мобилни ја снимаа жртвата

Горан Наумовски

37-годинашна жена од Аердром е пронајдена мртва во својот стан

Горан Наумовски

Маж од Аеродром е пронајден мртов во својот дом

Горан Наумовски

46-годишна жена е пронајдена мртва во стан во Аеродром

Горан Наумовски

Казна од 20.000 евра за нелегално фрлање отпад во Општина Аеродром

Наставничка е нападната додека држеше родителска од мајка на ученик

Горан Наумовски