Марија Спираки: Ситуацијата во Скопје е исклучително тешка

Од:

Европратеничката од Нова демократија Марија Спираки во изјава за радиото на грчката државна новинска агенција АНА-МПА „Агенција 104.9 ФМ“ денеска рече дека „ситуацијата во Скопје е исклучително тешка“.

Коментирајќи ги вчерашните инциденти во македонското Собрание, Спираки рече дека Европскиот парламент „пред извесно време ја предивиде ситуацијата и нагласи дека ‘Македонија е бомба подготвена да пукне’“.

Таа истакна дека во Македонија треба да продолжи да се почитува Уставот и оцени дека „постои опасност од дестабилизација“.

Инаку грчките медиуми постојано објавуваат за се што се случува во Македонија, засега без коментар. Вообичаено се пренесуваат веродостојни, проверени информации, освен некои портали кои се познати по националистичка реторика и овие случувања ги поврзуваат со прашањето за името, за кое повторуваат дека „не може да го содржи терминот Македонија“.

Во Грција исто така се пренесуваат и сите изјави на претставниците на меѓународните институции и организации, како и речиси сите соопштенија и изјави на македонските политичари и институции.

Би можело да ве интересира

WSJ: Лобист на „Актор“ ја придружувал амбасадорката на САД на состаноци низ Балканот, Гилфојл ја промовирала компанијата

ВИДЕО: Експлозија во центарот на Атина, се урна дел од зграда

Тепачка за лежалка на плажа во Грција – почина 82 годишник

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

За смртта на грчкиот пејач Мазонакис двајца лекари обвинети за убиство со евентуална умисла

А1он

Затвореник избега од болница во Грција

А1он