Маричиќ: Потребна е дигитализација на сите нивоа во судството

Од:

Светската пандемија на Ковид-19 дополнително ја зголеми потребата од дигитализација на судството, истакна денеска министерот за правда Бојан Маричиќ учествувајќи на регионалната конференција „Онлајн судење за време на пандемија: Законодавство, пречки и предизвици“.

Маричиќ, како што информираат од неговиот кабинет, во својот говор се осврнал на тоа како воведувањето информатичка технологија на сите нивоа ќе влијае врз текот на судските процеси, но и на самата поврзаност меѓу судовите.

– Ние сме свесни дека е многу важно следниот период да биде воведена информатичка поврзаност на хоризонтално и вертикално ниво. Исто така, увидовме дека е потребна целосна дигитализација на случаите, доставата и интероперабилноста меѓу судовите, со цел се зголеми ефикасноста на истите, односно од една страна да се забрзаат судските процеси, а од друга да се намали потребната од физичко присуство, порача Маричиќ, информираат денеска од Министерството за правда.

Според министерот државите и без пандемијата изминатите години презема чекори кон дигитализација на судството, а пандемијата беше своевиден катализатор, односно ги забрза овие процеси. Тој се осврна и на првото онлајн судење кое се направи во судот во Кавадарци.

– Среќен сум што денес тука со нас е и судијата Лазар Нанев од Кавадарци, бидејќи токму во Основниот суд во Кавадарци се одржа првото онлајн судење, кое го сметаме како добар пример кој ќе биде дополнително охрабрување за користење современи дигитални технологии во судството, кажа Маричиќ, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Претседателот може да помилува само осудени, не и кривично гонети: Предлог законот за помилување во Собрание

Орце Костов

Лога: Очекувам брза екстрадиција, списите денеска ќе ги пратиме по електронска пошта и преку амбасадата

Александар Тодески

Обвинителството реагира до Лога: Дел од забелешките за Извештајот се неточни, Јовески е спремен да одговори согласно закон

Александар Тодески

Министерство за правда: Законот за амнестија нема да се носи со европско знаменце

Горан Наумовски

Министерството за правда ќе врши надзор над системот за електронска распределба на предметите во јавните обвинителства

Нова амнестија: На слобода сите осудени на затвор до шест месеци, ВМРО ќе го блокира Законот

Орце Костов