Маричиќ: Новото кривично дело „безобѕирно управување на моторно возило” предлог на судии и обвинители

Од:

Новото кривично дело во областа на сообраќајот „безобѕирно управување на моторно возило” е предлог на судии и обвинителите кој учествуваат во работната група за изготвување на новиот кривичен законик. Министерот за правда, Бојан Маричиќ, објаснувајќи ја идејата за ова ново кривично дело, истакна дека во претходниот период имало повеќе случаи каде што за безобѕирно управување на моторно возило имаше казни кој што беа прекршочни, како за влетување на плоштад со 50 евра казна или пак возење на спротивен правец во еднонасочна улица и снимање на видео.

– Потребата на додефинирање или на ова ново кривично дело не е утврдена од мене или од некого поединечно, туку од работната група која што работи на кривичниот законик веќе подолго време предводена од професорот Владо Камбовски, каде членуваат претставници и на судовите и обвинителства и тие ја имаат утврдено потребата да се додефинира ова ново кривично дело „безобѕирно управување на моторно возило” каде што подетално и појасно се дефинираат елементите на кривичното дело, но и ќе се заострат казните. Како ќе се спроведуваа во пракса ние како Влада не може да гарантираме, рече Маричиќ.

Министерот Маричиќ, исто така посочи дека Измените на кривичниот законик се веќе во собраниска процедура и очекува тие да бидат усвоени наскоро, но текстот на новиот Кривичен законик, каде што се инкорпорирани новите кривични дела би требало да биде готово до крајот на годината или почетокот на наредната.

Би можело да ве интересира

Како уште се толерираат вакви судии: Четиригодишно дете наместо на мајката, со пресуда го дадоа на таткото семеен насилник

Предраг Петровиќ

Филипче: Оксиморон е со партиски протести Мицкоски да се бори против наводно партизирано судство

Џолев: Не сме тука да водиме војни, проблемите во судството се заеднички

Коалицијата „Сите за правично судење“ реагира на назначувањата во Академијата за судии и јавни обвинители

Панова: Успешно ли е кога довербата во правосудството е минорни два отсто?

Левица: Одговорност за бегството на Рамадани Владата да бара во сопствените редови