Маричиќ: КПД Штип е пример како како треба постојано да се унапредуваат условите и третманот на затворениците

Од:

Казнено поправниот дом – Штип е пример како треба постојано да се унапредуваат условите и третманот на затворениците и како општеството може да помогне во нивната рехабилитација и ресоцијализација, изјави по посетата на КПД Штип денеска министерот за правда Бојан Маричиќ.

Во однос на условите од пред три и пол години и каде е оваа установа денеска, Маричиќ посочи дека има голема разлика, и тоа не само во инфраструктурата, туку и во техничките услови и третманот на осудените лица.

– Ова е КПД, кој што прв во Југоисточна Европа има детско катче, во кое се предвидени редовни посети на децата на осудениет лица, кои што може да комуницираат со своите родители во еден нормален амбиент. Тоа детско катче е многу важно за нивниот психолошки и емоционален развој, но и за рехабилитација и ресоцијализација на затворениците. Тоа е направено со заеднички напори на КПД Штип и Советот на Европа и ЕУ, изјави Маричиќ.

Во рамки на КПД Штип, рече Маричиќ, е направена и нова библиотека, која служи и како училница.

– Таму редовно се посетува настава на осуденици кои се заинтересирани да го докомплетираат своето образование. Има и можности за стручно усовршување на одредени занаети, како заварувачи и готвачи. Нешто што може практично да им помогне во процесот на рехабилитација и после престојот тука да може да најдат работа, изјави Маричиќ.

Во однос на состојбата со КОВИД-19 во КПД Штип, Маричиќ рече дека се постапува по утврдените протоколи и нема ниту еден заболен затвореник, освен двајца вработени, кои не одат на работа.

Директорот на КПД Штип Мики Тодоров, посочи дека ќе продолжи и понатаму, секако со поддршка на Министерството и Управата за извршување на санкции, во унапредување на состојбите и условите на казнено-поправниот дом.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он

Маричиќ: Во нашата програма за млади ветуваме 200 евра месечно во првите 12 месеци за секое прво вработување на лица до 26 години

Орце Костов

Инцидент меѓу осуденици во штипскиот затвор

Маричиќ: Македонскиот јазик е засекогаш вграден во мозаикот на европските јазици, а ние никогаш нема да се откажеме од нашата европска иднина

Орце Костов

Маричиќ: Исходот со министрите од АА, зависи од проценката на Џафери

Маричиќ: Нема никакви проблеми во функционирањето на техничката Влада