Маричиќ: Интензивно работиме на дигитализацијата на судството

Од:

Пандемијата со Ковид-19 е катализатор на процесот на дигитализацијата на судството, истакна министерот за правда Бојан Маричиќ во обраќањето на V-та Меѓународна судска конференција на тема „Судството во состојба на пандемија“, соопшти Министерството за правда.

Според Маричиќ, и покрај бројните прашања кои се појавија по објавувањето на концептот за дигитализација на правосудството, Министерството за правда во наредниот период ќе посвети посебно внимание токму на овој процес.

– Кога ја преземав функцијата министер за правда кажав дека воведувањето на информатичката технологија во работењето на судовите ќе мора да се случи. И тоа не само заради држењето чекор со трендовите, туку затоа што на тој начин ќе обезбедиме поголема ефикасност и транспарентност во судските постапки, а со тоа и ќе се олесни пристапот до правдата за граѓаните и ќе се придонесе кон поголема доверба во функционалноста на системот. За сето ова потребни се законски измени, технички предуслови како што е опремувањето на судниците за онлајн судења, односно финансиски средства, и секако – респонзивност на правосудниот систем да го направи овој технолошки скок, истакна Маричиќ.

Според министерот, сега е вистинскиот момент да се интензивира овој процес со цел да се фати приклучокот со развиените европски земји.

– Сметам дека работиме навремено, за што говори и фактот што Европската комисија на 2 декември минатата година ја усвои Комуникацијата за дигитална правда во ЕУ, чија цел е токму да се осигури дека правдата исто така се движи напред во склад со дигиталното време. И на ниво на ЕУ се работи на развој на нова алатка за дигитална правда, која опфаќа целокупна рамка за законодавни, финансиски и ИТ активности за поддршка на дигиталните транзиции на земјите членки, кажа министерот Маричиќ во обраќањето на V-та Меѓународна конференција на тема „Судството во состојба на пандемија“ .

Би можело да ве интересира

Претседателот може да помилува само осудени, не и кривично гонети: Предлог законот за помилување во Собрание

Орце Костов

Лога: Очекувам брза екстрадиција, списите денеска ќе ги пратиме по електронска пошта и преку амбасадата

Александар Тодески

Обвинителството реагира до Лога: Дел од забелешките за Извештајот се неточни, Јовески е спремен да одговори согласно закон

Александар Тодески

Министерство за правда: Законот за амнестија нема да се носи со европско знаменце

Горан Наумовски

Министерството за правда ќе врши надзор над системот за електронска распределба на предметите во јавните обвинителства

Нова амнестија: На слобода сите осудени на затвор до шест месеци, ВМРО ќе го блокира Законот

Орце Костов