Маричиќ горд на позитивниот исход од случајот со Мијалков

Од:

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска на завршната конференција на проектот „За правда – Следење на спроведувањето на Стратегијата за реформи во правосудството 2020-2021“ рече дека е исклучлително задоволен и горд за позитивниот еполог од случајот со Сашо Мијалков.

– Попусто би говореле за реформи и законски измени, доколку го вртиме грбот на она што се случува на терен. Иако не се под директна надлежност на Министерството за правда, силно сум засегнат од последните случувања изминативе денови кои ја разбрануваа јавноста и за момент ја поткопаа довербата во институциите. Морам да истакнам дека сум исклучително задоволен и горд што настанот имаше свој позитивен епилог, и добро е што посебен обвинител, назначен од државниот јавен обвинител, ќе испита дали, кој и во кој дел потфрлил во однос на наводите дека одредено лице се подготвува за бегство, истакна Маричиќ.

Тој нагласи дека е поборник на ставот дека со конкретна акција и одговорност може да има враќање на кредибилитетот и довербата во институциите.

– Нашиот систем, нашите институции секогаш се тестирани на конкретени случаи, и затоа на овие конкретни случаи државата ќе треба да се издигне да се развие за да се покаже како треба и како може да функционира, порача министерот Маричиќ.

Би можело да ве интересира

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Комората на извршители и Министерството за правда

Потпишан е Меморандум за брза и директна размена на податоци за должниците кои се корисници на пензија

Филков: Без независно судство, правдата станува недостижна, а довербата на граѓаните се разнишува

Ефтимов: Кој ќе се огреши пред законот и Уставот ќе одговара

(ВИДЕО) Мицкоски: Секој оној којшто мисли дека ја изиграл правдата се лаже

Претседателот може да помилува само осудени, не и кривично гонети: Предлог законот за помилување во Собрание

A1on