Маричиќ: До нова година закон, за пописот да се спроведе во април догодина

Од:

Министерот за правда Бојан Маричиќ најави дека до крајот на годината ќе биде донесен закон за попис, кој ќе претрпи мали измени во однос на претходното решение кое беше во собраниска процедура пред изборите и тоа во делот на одредбата за стапување во сила, за пописот да може да се одржи во април 2021 година пред локалните избори.

-Ние имаме цврста определба и коалициски договор за спроведување на пописот идната година. Тоа е впрочем и делод коалицискиот договор меѓу Коалицијата Можеме и ДУИ. Законот беше доставен во Собранието пред изборите, како Влада остануваме повторно ќе го предложиме во собраниска процедрура, ќе има измени во роковите бидејќи оригинално кога беше предложен требаше да стапи во сила година дена откако ќе биде донесен. Сега нема време за толку чекање бидејќи за година дена отприлика ќе бидат локалните избори. Определба на Владата и на ДЗС пописот да се спроведе пред локалните избори, рече Маричиќ одговарајќи на новинарско прашање по брифингот со новинарите.

Верувам, додаде министерот за правда, а на тоа ќе работиме во наредниот период, дека до крајот на годината ќе биде донесен закон за да може во април 2021 година да биде спроведен пописот.

Би можело да ве интересира

Претседателот може да помилува само осудени, не и кривично гонети: Предлог законот за помилување во Собрание

Орце Костов

Лога: Очекувам брза екстрадиција, списите денеска ќе ги пратиме по електронска пошта и преку амбасадата

Александар Тодески

Обвинителството реагира до Лога: Дел од забелешките за Извештајот се неточни, Јовески е спремен да одговори согласно закон

Александар Тодески

Министерство за правда: Законот за амнестија нема да се носи со европско знаменце

Горан Наумовски

Министерството за правда ќе врши надзор над системот за електронска распределба на предметите во јавните обвинителства

Нова амнестија: На слобода сите осудени на затвор до шест месеци, ВМРО ќе го блокира Законот

Орце Костов