Марачков: Атмосферската канализација и водоснабдувањето – главни приоритети за Богородица

Од:

Кандидатот за градоначалник на општина Гевгелија од „Сојузот за иднината“, Саве Марачков, вечерва оствари средба со жителите на пограничното село Богородица. Во непосреден разговор со граѓаните од ова населено место, тој разговараше за приоритетите за развој на општината и секое населено место како дел од неа.

За Богородица Марачков ја истакна потребата од посолидни урбани услови за живот на граѓаните од ова населено место, изградба на атмосферска и канализациска линија до секој дом од населбата, решавање на проблемот со водоснабдувањето преку градскиот водовод на кој е приклучена Богородица и квалитетот на водата за пиење.

Од разговорите произлегоа и заедничките потреби искажани од присутните, меѓу кои посочени беа барања на граѓаните за решавање на проблемот со јавниот превоз, редовно одржување на одводниот канал,  главните колски патишта.

Марачков ги истакна приоритетите на граѓаните како свои програмски заложби, особено што тие му се познати преку проектот „Отвори врата за иднината“, кој го спроведе СДСМ во соработка со СДММ од Гевгелија.

„Но, за до исполниме сето ова што вие го баравте,  јас сум подготвен да го реализирам со изборот на функцијата заедно со советничката листа на ’Сојузот за иднината‘. Затоа, мораме најпрво на 24 март да ставиме крај на сето ова понижување, газење, малтретирање. Крај за сите манилпулирања, притисоци, казни и извршители, за сите отпуштени од работа и деградирања. Мора да ставиме крај, оти изгледа дека Франгов и ДПМНЕ не се свесни на кое дереџе ја донесоа Гевгелија. Од Гевгелија – европска порта, Франгов и ДПМНЕ направија само евтина политичка фарса“, истакна Марачков.

Богорочани побараа од својот кандидат да ја расчисти работата и на јавните претпријатија во надлежност на Општината, како примерот со гевгелиски Комуналец, каде што од 200 вработени, половина седат дома и ништо не работат, а примаат плата и на повик од граѓаните за решавање на некој дефект не реагираат никако.

„Не сакаме со наши пари да храниме партиски војници вработени само за гласови“ , револтирано изјавуваат жителите на најјужното гевгелиско село.

Би можело да ве интересира

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

На овие избори во најголемиот дел работите ќе се решат уште во првиот круг, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Демократска партија на Турците на Македонија на локалните избори ќе настапи самостојно