МАНУ потпиша Меморандум за соработка со повеќе институти и Универзитети од Македонија

Од:

Македонската академија на науките и уметностите, факултети од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, факултети од Универзитетот „Св. Климент Охридски“, Државниот универзитет во Тетово, Државниот архив на Република Македонија и Институтот за духовно и култорно наследство на Албанците во Македонија денеска потпишаа Меморандум за соработка.

Документот го потпишаа претседателот на МАНУ, академик Владо Камбовски,  ректорите и деканите на факултетите како и директорите на институтите и Државниот архив.

Академик Камбовски истакна дека целта на Меморандумот е да ја унапреди заемната соработка помеѓу институциите во областа на историјата, литературата, јазикот и мултикултурата и да ги координира активностите на Академијата со научните институции во тие области.

– Нашите,  и материјални и човечки ресурси се мошне ограничени и треба рационално да се користат. Сите овие области на науки стојат пред извонредно сложени задачи. Тука се прашањата на идентитетот, прашањата на развојот на јазикот, мултикултурата, односите со соседните држави…и редици прашања се опфатени во повеќе делувања во овие научни институции, како и претставувањето на македонската култура, јазик и идентитет во светот, рече Камбовски.

Институциите, посочи тој изразиле висока подготвеност за соработката со МАНУ, а една од првите задачи по потпишувањето на Меморандумит ќе биде дефинирањето на определени ставови во однос на градењето на идната „научна“ политика на новата Влада.

– Очекуваме наскоро средба со Министерот за образование и наука на која ќе бидат претставени нашите заложби од тој правец. Тие опфаќаат прашања на подобрување на статусот на науката, зголемување на бројот на научно-истражувачкиот кадар особено научниот подмладок во овие институции, потоа на зголемување на средтвата за истражување како архиви и други теренски истражувања, електронско издаваштво и објавување на публикации…,рече Камбовски.

Во однос на буџетот за научно истражувачката дејност, Камбовски рече дека очекува во буџетот на Владата за наредната година, нивните барања ќе наидат на позитивен одговор.

Меморандумот за соработка, меѓу другото, предвидува и организирање на научни дискусии за отворени методолошки и други проблеми од областа на општествените и хуманистичките науки, организирање, подготвување и изведување на научно-истражувачки проекти, заедничко аплицирање во научно-истражувачките проектни програми поддржани од Европската комисија и други меѓународни извори за финансирање на научно-истражувачката дејност..

Би можело да ве интересира

МАНУ: Во Македонија постои само една национална академија

ВРЕДИ почна да го реализира планот за албанска Академија, ќе ја финансираат општините со нивни градоначалници

Катерина Ѓуровски

Штрајкуваат вработените во МАНУ, бараат повисоки плати

Горан Наумовски

Влен: Академијата за науки и уметности на Албанците не треба да се гледа како контраст или паралелизам на МАНУ

Муртезани: Не можам да тврдам, но има перцепција дека во МАНУ нема пристат за други етнички заедници

Претседателство на МАНУ: Академијата е отворена за сите што ги исполнуваат критериумите, да не се вовлекува во дневнополитички расправи