МАНУ одбележа 47 години од основањето

Од:

Науката и уметноста е насушна потреба на општеството, токму во добата на динамични промени и кризни состојби, заради нивно разбирање, проникнување во нивните причини и нудење на рационални и хумани перспективи за излез од нив, нагласи претседателот на МАНУ академик Владо Камбовски на одбележувањето 47 години од основањето на Академијата.

Создавањето и развојот на МАНУ, според него, се нужно поврзани со развитокот на македонската држава и општество, што ја правело и ја прави денес, во периодот на развиток на Република Македонија како самостојна и независна држава, одговорна за состојбите во областите на науката и културата, а поради општественото значење на тие области како основни сегменти на општествениот живот и за состојбите и развиткот на македонското општество во целина.

– Академијата во наредните години, до нејзиното полувековно постоење мора да ја дефинира јасната проекција на иднината на Македонија во наредните декади, во која ќе треба да се изложат погледите науката во однос на натамошната трансформација и развој на македонското општество, претворањето на постојниот политички и правен концепт на мултикултурализам во реален, граѓански образец неговата внатрешна интеграција и приоритетите на патот за неговото вклучување во европските и глобалните развојни перспективи, нагласи Камбовски.

Без наука, подвлече дека нема технолошки развој, што поттикнува нова наука, а тоа има од 30 до 50 отсто влијание во економскиот раст.

– Нашата наука не креира нови технологии и премалку работи на сообразување на увезените технологии со домашните можности и потреби, а тие не креираат нова наука. Последицата е главно дескриптивна и трансмисиска научна мисла, во малкубројни технолошки откритија, пронајдоци или патентни и апсолутна технолошка зависност од странство. Може да се претпостави колку висока цена за таквото научно и технолошко заостанување се плаќа и ќе биде платена, не само од економски аспект, туку што е уште поважно од аспект на падот на општото интелектуалното рамниште на општеството, механички пресадените програми од други образовни системи и кнечно од аспект на создавање општ дух на зависност од туѓа памет, подвлече Камбовски.

Според својата поставеност, додаде, Академијата е должна да придонесе за надминување на стагнантните состојби поради што мора да ги зајакне своите научни и уметнички капацитети, програми и методи на делување, до популаризирање на вредноста на знаењето и научното творештво, до подигање на ефикасносра во планирањето и остварувањето на научните и уметничките програми.

На одбележуавњето на 47 – годишнината од основањето на МАНУ присуствуваа министрите за надворешни работи и за образование и наука Никола Попоски и Абдилаќим Адеми, а беше доделено и Меѓународното признание  „Блаже Конески“ на истакнати македонисти од странство чии добитници се Златко Крамариќ од Хрватска и Ирена Савицка од Полска.

Крамариќ, кој е актуелен амбасадор на Република Хрватска во Република Македонија, според академик Влада Урошевиќ, е голем стручњак за македонската литература, историја и култура и голем дел од неговите научни трудови се однесуваат на овие области. Некои од нив се посветени на Блаже Конески за јазикот и идентитетот.

– Досега објавил 16 книги, огледи и студии меѓу кои има значаен број од областа на македонистиката. Книгите на Крамариќ се потврда за крајната и сериозна посветеност на македонските прашања ан авторот. Главно пишува за македонските творци од 20-тиот век и покажува големо познавање на македонската книжевна и културна состојба и во претходните векови. Применувајќи ги пристапите и постапките на модерната книжевна наука успешно навлегува и во домените на антропологијата, културологијата и политикологијата и дава научно поктрепени анализи на историските состојби низ кои минувала македонската нација, рече Урошевиќ.

Карамариќ, кој за Македонија вели дека е негова втора татковина, се чуствува почестен и горд што е еден од добитниците на високото научно признание на МАНУ. Тоа, како што рече, не е само привилегија, туку и порака дека токму македонските колеги ги препознале неговите напори, кои се пренесени во книгите поврзани за македонската книжевност, култура и идентитет.

За професорката Ирена Сабицка, акаденик Зузана Тополинска рече дека врвен научник и истражувач на звучните системи на словенските и балканските јазици.

– Долго време беше раководител на комисија за фонетика и фонологија на меѓународниот комитет на славистите, автор на одлична синтеза на фонетски и фонолошки аспект на она што се случувало во словенските јазици од Втората светска војна до денес, напиша многу студии посветени на структурата на словенскиот звук, коавтор е на албанска граматика, а заедно со префесорот Људмил Спасов, автори се на македонската сегментална и суперсегментална фонологија објавена во 1997 година. Последните години редовно соработува во проекти на Истражувачкиот центар на реална лингвистина на МАНУ, а сега тимот на Савицка работи на фонолошки и прозодиски дел на идната проектирана граматика на македонскиот стандарден јазик, како и на анализа и синтеза на фонолошките системи на македонските дијалекти, рече Тополинска.

Савицка вети дека и во иднина ќе продолжи со своите истражувања во македониката, бидејќи, како што подвлеле, како балканолог неможе без македонскиот јазик.

Би можело да ве интересира

МАНУ: Во Македонија постои само една национална академија

ВРЕДИ почна да го реализира планот за албанска Академија, ќе ја финансираат општините со нивни градоначалници

Катерина Ѓуровски

Штрајкуваат вработените во МАНУ, бараат повисоки плати

Горан Наумовски

Влен: Академијата за науки и уметности на Албанците не треба да се гледа како контраст или паралелизам на МАНУ

Муртезани: Не можам да тврдам, но има перцепција дека во МАНУ нема пристат за други етнички заедници

Претседателство на МАНУ: Академијата е отворена за сите што ги исполнуваат критериумите, да не се вовлекува во дневнополитички расправи