МАНУ ќе одбележи 70 години од објавувањето на македонскиот правопис

Од:

Во организација на Македонската академија на науките и уметностите, Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, денеска во МАНУ ќе се одржи свечен собир по повод 70-годишнината од објавувањето на македонскиот правопис.

Поздравни обраќања ќе имаат претседателот на МАНУ, академик Владо Камбовски, в.д. директорот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ проф. Елена Јованова-Грујовска и деканот на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ проф. Славица Велева.

Излагање на тема „Современиот македонски литературен јазик“ на собирот ќе има академик Блаже Ристовски. Професорката од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Елка Јачева-Улчар ќе говори „За потребата од подновувањето на правописот на македонскиот јазик“, а на тема „За македонската современа азбука и современиот правопис на македонскиот јазик“ ќе зборува проф. Људмил Спасов од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.

Би можело да ве интересира

МАНУ: Во Македонија постои само една национална академија

ВРЕДИ почна да го реализира планот за албанска Академија, ќе ја финансираат општините со нивни градоначалници

Катерина Ѓуровски

Штрајкуваат вработените во МАНУ, бараат повисоки плати

Горан Наумовски

Влен: Академијата за науки и уметности на Албанците не треба да се гледа како контраст или паралелизам на МАНУ

Муртезани: Не можам да тврдам, но има перцепција дека во МАНУ нема пристат за други етнички заедници

Претседателство на МАНУ: Академијата е отворена за сите што ги исполнуваат критериумите, да не се вовлекува во дневнополитички расправи