МАНУ ја интезивира соработката со руската и украинската академија

Од:

Македонската академија на науките и уметностите ја интензивира соработката со Националната академија на науките и уметностите на Украина и со Руската академија на науките.

Како резултат на досегашната соработка на МАНУ со двете научни институции се издадени многу речници.

Ова денеска на средба со новинарите го истакна академик Блаже Ристовски, кој рече дека се водат разговори за отворање украински лекторати во Македонија и македонски лекторати во Украина.

– МАНУ има богата соработка со другите институти во светот. Идната година во Македонија ќе се одржи македонско-руски научен собир на кој ќе учествува и директорот на Руската академија на науките. Тема на собирот ќе биде Букурешкиот договор, тема која опфаќа повеќе области од науката. Букурешкиот договор е акт кој тангира повеќе земји, а Македонија беше основата на тој договор. Првпат дојде до поделба на Македонија, посочи Ристовски.

Тој се осврна и на одржувањето на последната средба на научници од Украина и Македонија од 10 до 14 септември во Харков, кој, како што рече, е втор центар на Украина.

– Националниот Универзитет на Украина има 200-годишно искуство. За жал во нивните библиотеки не постои ниту една македонска книга. Првите ги однесовме ние. Повеќето земји таму имаат цели соби со нивни книги. Од друга страна нашиот Институт за национална историја изрази подготвеност да испрати изданија во Харков. Има добра желба и голема волја од украинска страна за ефикасна соработка меѓу академиците и научниците институции, истакна Ристовски.

Тој додаде дека македонска делегација од задутре ќе присуствува на Деновите на македонската култура во Украина.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Почина академик Јордан Поп-Јорданов

Горан Наумовски

Попов: МАНУ има капацитет да ѝ помогне на државата во справувањето со тешките општествени појави

Горан Наумовски