МАНУ избра нови членови

Од:

Македонската академија на науките и уметностите во вчерашното седумнаесетто изборно собрание избра нови редовни членови и членови надвор од работниот состав од поднесените 40 предлози за избор на редовни членови и 12 предлози за избор на членови надвор од работниот состав поднесени.

Шест лица се избрани за редовни членови на МАНУ – проф. д-р Ѓорѓи Поп-Атанасов во Одделение за лингвистика и литературна наука, проф. д-р Абдулменаф Беџети во Одделение за општествени науки, проф. д-р Нада Поп-Јорданова во Одделение за медицински науки и м-р Газанфер Бајрам, Богомил Ѓузел и Глигор Чемерски во Одделение за уметност.

За членови надвор од работен состав се избрани – проф. д-р Кшиштов Вроцлавски и проф. д-р Илија Чашуле во Одделение за лингвистика и литературна наука, академик Момир Ѓуровиќ и проф. д-р Екмеледин Ихсаноглу во Одделение за општествени науки, проф. д-р Ендрју Дворк, проф. д-р Љубиша Ракиќ и проф. д-р Феликс Унгер во Одделение за медицински науки, проф. д-р Јирген Куртц и проф. д-р Симеон Ока во Одделение за технички науки и Владимир Величковиќ и Љубомир Левчев во Одделение за уметност.

Би можело да ве интересира

Македонија беше центар на европската хематолошка научна фела

А1он

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Евроинтеграциските процеси на државава е „комплетно блокирана со ирационалниот спор со нашите соседи“, вели Попов

Попов: Партизацијата на општеството доведе до нефункционален правосуден систем

Попов: Во Македонија, како и во сите унитарни земји од регионот постои само една национална академија

Горан Наумовски

МАНУ: Во Македонија постои само една национална академија