МАНУ и научното друштво „Лајбниц“ ќе ја интензивираат соработката

Од:

Проширување на соработката на повеќе подрачја е целта на научната дискусија која се одржува денеска меѓу претствници на Македонската академија на науките и уметностите и научното друштво „Лајбниц“ од Берлин.

Претседателот на МАНУ академик Владо Камбовски пред почетокот на научната дискусијата изјави дека еден од важните проекти за кои сакаат да ја развијат соработката е проектот кој е од примарно значење за државата и општеството, а тоа е реформата на системот на образование, нови знаења за новиот развиток и за векот во кој влегува или е веќе влезена Република Македонија.

Посочи дека дека воспоставиле соработката со „Лајбниц“ во 2007 година со потпишување на Договор за соработка, но оти не се задоволни од тоа што во овие шест седум години оттогаш досега се направени само првите чекори на соработка.

– Сакаме да ја прошириме таа соработка на повеќе подрачја. Имаме и добри иницијативи од нивна страна. Денес ќе расправаме идната година во Берлин да се одржи меѓународна конференција „100 години од почетокот на Првата светска војна“ на која ќе учествуваат и македонски научници и ќе имаат можност да го претстават видувањето на нашата наука пред светската научна јавност, за Македонија во тоа време и македонскиот народ во време од Берлинскиот договор во 1878 година до Првата светска војна, па и пред неа, тие трагични настани, како што беа Балканските војни, Првата светска војна, поделбата на Македонија итн., рече Камбовски.

Предмет на расправата, потенцира тој, ќе биде и проширувањето на соработката во други подрачја и на природните науки и уметноста и затоа денеска на оваа расправа повикавме и колеги од универзитетите и од други асоцијации во Македонија кои исто така ќе приложат свои погледи за тоа како и на кои подрачја да се соработува и сето тоа да биде сумирано во еден протокол.

– Во наредните години дел по дел ќе почне да се реализира. Од досегашните разговори очигледно е дека ние може да се сретнеме на низа подрачја кои се многу атрактивни од природните науки-делот на енергијата и заштитата на животната средина до општествените науки-економскиот систем, економските интеграции, правниот систем, хармонизација со правото на ЕУ и други значајни проекти. Од германска страна постои интерес да помогнат и заедно со нашите кревки сили што ги имаме како наука, немаме ни многу развиена инфраструктура, подмладок, полека да тргнат истражувањата, појасни Камбовски.

Германската наука, како што рече, е меѓу водечките во светот.

– Во некои делови особено природните и општествените науки посебно правото и економијата Германија е меѓу првите десет држави и ги има развиено потребните институционални човечки ресурси за одговор за вклучување на науката во одговор на предизвиците на новото време, додаде академик Камбовски.

Претседателот на Научното друштво „Лајбниц“, Дитер Херман рече дека ќе разговораат за идната соработка во рамки на разни проекти со МАНУ.

– Големо задоволство ни е што можеме повторно да престојуваме во МАНУ и да имаме нова можност како и вчера, но и денес да се дискутира за конкретните чекори во рамки на различните заеднички проекти, додаде Херман.

Во МАНУ вчера се одржа промоција на Зборник од научниот собир: „Науката и уметноста“, кој ги содржи рефератите поднесени на заедничката научна конференција на МАНУ и „Лајбниц“ на тема „Науката и уметноста“ која се одржа во 2010 година.

Би можело да ве интересира

МАНУ: Во Македонија постои само една национална академија

ВРЕДИ почна да го реализира планот за албанска Академија, ќе ја финансираат општините со нивни градоначалници

Катерина Ѓуровски

Штрајкуваат вработените во МАНУ, бараат повисоки плати

Горан Наумовски

Влен: Академијата за науки и уметности на Албанците не треба да се гледа како контраст или паралелизам на МАНУ

Муртезани: Не можам да тврдам, но има перцепција дека во МАНУ нема пристат за други етнички заедници

Претседателство на МАНУ: Академијата е отворена за сите што ги исполнуваат критериумите, да не се вовлекува во дневнополитички расправи