Манојлоски: Се легитимирав дека сум пратеник, но полицијата ме сопре и ме претресе без образложение

Од:

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Горан Манојлоски кој денеска ја напушти седницата на Комисијата за труд и социјала, во знак на револт што бил сопрен и претресуван од полицијата, реагира дека селективно било сопрено само неговото возило на влезот во населбата Ѓорче Петров, додека возел кон работа. Тој тврди дека откако покажал легитимација дека е пратеник, полициските службеници го претресле и го пуштиле да замине без да му одговорат зошто го запреле. Манојловски најави дека ќе поднесе претставка до МВР и бара да се истражи целиот случај за постапувањето на полицијата.

„Околу 11 часот на кружниот тек во населба Ѓорче Петров бев сопрен од двајца полициски службеници вооружени со автоматски пушки и панцири. Селективно моето возило беше одделено, ми кажаа да се паркирам и да го исклучам возилото. Кога покажав легитимација ми рекоа дека тоа не важи, беше направен претрес и ме пуштија. Ако не се почитува законот за нас пратениците што останува за другите граѓани? Не е точно дека сите возила биле сопирани неселективно, има камери и слики, може да се види дека моето возило беше селектирано и исклучено од сообраќај“ вели Манојлоски.

Тој не кажа како ќе постапува понатаму во однос на работните обврски во Собранието, по напуштањето на денешната седница, со образложение дека ќе почека да го види официјалниот став од МВР за целиот случај.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека полицијата вршела проверки во врска со грабежот на банка кој се случил утринава во Сарај и полицајците на терен не знаеле дека сопреле и пратеник меѓу другите граѓани.

„Полициски службеници од ПС Ѓорче Петров биле поставени на позиција во врска со извршено кривично дело (разбојништво во Сарај) и вршени се проверки на возилата на граѓаните ,а меѓу нив и на Г.М. , без притоа воопшто да знаат дека станува збор за пратеник. По извршената проверка , на лицето му е дозволено да си оди без никакви пробвлеми“, соопштија од МВР.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он