Манев: Причината за убиствата на Вања и Панче е прашање за Палевски

Од:

Судењето за убиството на Вања и Панче денеска во Основен Кривичен суд Скопје продолжи со испитување на обвинетиот Велибор Манев. Тој денеска одговараше на прашањата на бранителите на останатите обвинети. Манев истакна дека причината за убиството на Вања и Панче е прашање кое треба да се упати на обвинетиот Љупчо Палевски.

Одговарајќи на прашањето на бранителот на Кешишев, Манев потврди дека на 23 ноември 2023 година, патот до хотелот „Романтик“ бил преку Башино Село, продолжувајќи кон Катланово и Скопје, а потоа се исклучиле кон селото Рудник. Тој, исто така објасни дека тегот, кој бил спуштен во земуницата, сè уште се наоѓа таму.

-Јас носев и чамец со катанци за да го одврземе, да биде Панче Жежовски врзан во самата земуница, рече тој. На прашањето дали девојчето било врзано во моментот на убиството, Манев одговори потврдно.

Во однос на прашањата од бранителот на таткото на Вања, адвокатот Владимир Туфегџиќ, за планирањето на грабнувањето, Манев изјави дека Љупчо Палевски предложил потенцијални цели, вклучувајќи директор на „Гранит“ или ќерка на фармацевт.

-Десет дена пред грабнувањето, Палевски рече дека ќе ја набљудува жената за да ги дознае нејзините навики, додаде тој.

Манев истакна дека фотографиите од потенцијалната жртва биле направени без директен контакт со нивните телефони.

Прашан дали детето што го грабнале не било личноста од таа фотографија, тој одговори дека наликувале.

– Личноста од фотографијата многу наликуваше на детето, висината, боја на коса, личеше како повозрасна жена, воопшто сликата не личеше на дете. Покрај самиот изглед, времето на излегување 7:20 наутро, секојдневно како што следел дека излегува, бевме сигурни дека тоа е таа особа, рече тој.

Кога ја откопчале вреќата за да ја фотографираат жртвата, Манев сфатил дека грабнале дете, а не жена.

-Тоа се случи откако ја извадивме од колата, од гепекот, ја поставивме на земја во легната положба, ја откопчавме вреќата и ја извадивме лентата од устата да може да ја слика и тогаш видовме дека е дете, рече тој.

Манев истакна дека тој немал мобилен телефон на местото на настанот, а комуникацијата била преку радио станици.

Во однос на прашањето дали некој од нив се слушнал со родителите на Вања, бидејќи таа им ги дала нивните телефонски броеви, тој одговори дека тој лично не, а за другите не знае.

На прашањето зошто не испратиле слики за откуп, рече дека тоа е прашање за Палевски.

Прашан дали после убиството на детето некој од нив ги спомнал родителите на детето, одговори дека немал контакт.

-После убиството, вечерта 27 ноември беше последно излагање во партија кога однесов тегли мед за еден пријател, требаше да си ги подигне од партијата, немав никаков контакт со никој, освен со Боре и првиот контакт беше 30 ноември кога прв пат ми се јави Љупчо Палевски за да ми каже дека заминува за Москва, па после 15 минути да се прејави да ми каже дека заминува за Турција. Со Кешишев немав воопшто контактирано после тоа, рече тој.

Прашан кој одлучувал кој ќе биде грабнат, одговори Палевски.

-Тој ги знаеше луѓето во зградата и одлучуваше кој ќе биде грабнат, рече тој. Дополни дека пред да се случи тоа, како што рече „Љупчо Палевски нѐ однесе до зградата да ни објасни каде е влезот, каде е сутеренот, ни ги кажуваше скалите излезни со скалите што одат спрема сутеренот. Тоа беше ноќно време. После тоа не носеше на некоја од бензиските да пиеме кафе, ни ја покажуваше фотографијата за да ја запамтиме особата, рече тој.

Во однос на прашањата за вмешаноста на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, тој одговори дека таткото прв пат му бил посочен во полициската станица.

– Кажав дека бев физички малтретиран и тепан за да кажам дека сум видел како Љупчо Палевски разговара со таткото на Вања. Што се однесува на изјавата од 6-ти, бев истрауматизиран, 40 минути бев во исчекување на редот за тепање по стапала до крв, редоследот беше Александар па Боре, па Кешишев, мене ме земаа кога го вратија Кешишев во ќелија, редот ми беше мене да ме тепаат. Четириесет минути слушање како вриштат, знаејќи што ми следува. Од толку што сум бил избезумен имам кажано дека ќерка ми работи во Словенија, а таа никогаш не работела во Словенија, тоа покажува колку сум бил избезумен, рече Манев.

Прашан дали тој лично слушнал и видел дека Љупчо Палевски телефонски разговара со таткото Александар, одговори не.

-Не, никогаш, ниту сум слушнал, ниту сум видел, рече тој.

Манев, одговарајќи на прашањето на таткото на Вања кое гласеше „Зошто, што се случи“, заврши со изјавата дека не може да одговори зошто дошло до убиството, додавајќи дека тоа е прашање за Палевски.

Расправата продолжи со испитување на Манев од страна на обвинетиот Љупчо Палевски.

Според најавеното, по сослушувањето на Манев, треба да сведочи Боре Видевски, Влатко Кешишев, Александар Ѓорчевски и на крај Палевски.

Во обвинението стои дека Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп.

Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

Би можело да ве интересира

Манев: Палевски ја одлепи траката од устата на Вања, ја сликаше со вперен пиштол, а откако ја уби во ранче го спакува пиштолот

Предраг Петровиќ

Адвокатот Марјан Витановски се откажа од одбраната на Љупчо Палевски Палчо

А1он

Манев: Влегуваа по тројца, четворица дневно во затворот, ме удираа со палки и си заминуваа

А1он

Манев за убиството на Вања: Палевски му пријде на детето, со пиштол и со перниче во рака испука куршум

Oбвинетиот Манев сведочи: Се изненадив кога Палчо го застрела Панче Жежовски

Палевски не ја покажа снимката која му обезбедува алиби, бара вештање на чаурата пронајдена на местото на убиството на Панче Жежовски