Манчевски во Јегуновце: Да запре изградбата на Панорамското тркало и да се санира коритото на Вардар

Од:

Се наоѓаме на локација на која редовно доаѓа до излевање на реката Вардар. Од поплавите штети трпат домовите и нивите на луѓето од неколку населени места: Раотинце, Копанце, Јегуновце, Туденце и др. Ова подрачје е постојано во опасност од нови поплави, а власта не превзема ништо за да ги заштити, вели Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ.

Согласно проектот, за да се санира речното корито на Вардар во општина Јегуновце, потребни се 6,5 милиони евра. Со оваа санација трајно ќе се заштитат домовите и нивите на луѓето, кои до сега претрпеа големи штети.

Бараме Владата под команда на Никола Груевски, веднаш да запре со изградбата на Панорамското тркало во Скопје кое чини 18 милиони евра. Овие пари да се инвестираат во санација на коритото на Вардар, како и на други локации кои ги доведуваат во опасност животите на граѓаните.

Веднаш по изборите во Македонија доаѓаат нови времиња. Новата власт, предводена од СДСМ ќе започне голем инвестициски циклус во инфратруктурата. Планираме да инвестираме 10 милиони евра годишно за системи за наводнување и одводнување.Во консултации со граѓаните, подготвивме приоритетна листа за рехабилитација и реконструкција на постојните и изградба на нови системи за наводнување и одводнување. Во овој регион, покрај санацијата на коритото на Вардар, ќе обезбедиме:

Фекална канализација за 11 населени места во општина Јегуновце
Фекална каналицација во општина Теарце
Фекална и атмосферска канализација, како и уредување на речните корита за Брвеница
Канализациска мрежа за Боговиње,
доизградба на канализациската мрежа во Желино

Планираме за четири години, да го подигнеме процентот на села кои имаат систем за одведување на отпадни води од сегашните 18% на 40%.

Доаѓаат нови времиња. Времиња во кои интересите на граѓаните ќе се на прво место.

Би можело да ве интересира

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Измените на Законот за странци нов доказ за вистината

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Уставниот суд да ја поништи неуставната Резолуцијата, да го заштити Уставот и слободата на говор

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Реформи и консолидација во СДС може да има само со превземање одговорност и оставка на Филипче

СДСМ: Заедно со граѓаните и со опозициските политички партии отвораме фронт за правда