Манчевски: Груевски прв да го замени Мерцедесот од 600.000 евра со електричен автомобил

Од:

Позади мене имаше парк, кој сега е уништен за да биде изградена уште една од зградите, дел од барокното лудило на обвинетиот Груевски. Ова не е единствен пример. Изминатите години Груевски и Коце Трајановски целосно го уништија зеленилото во главниот град и секаде каде што стигнаа, направија Скопје, заедно со Тетово и Битола, да бидат меѓу најзагадените градови во Европа, рече потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски.

Обвинетиот Груевски знае само да спроведува пропаднати проекти коишто се единствено за цел за негова јавна промоција и сликање каков што беше проектот за Денот на дрвото. Најдобар доказ за тоа токму соголената Скопска Црна Гора беше еден од главните причини за поплавите на 6ти август. 

Доцна е Груевски да ветува мерки со кои покажува лажна грижа за животната средина. Впрочем и во делот на гасификација на Македонија само Струмица и Куманово се единствените два гасифицирани града во Македонија каде што СДСМ има градоначалници од своите редови. Вистинската гасификација на Македонија ќе се случи по изборите на 11 декември од владата предводена од СДСМ.

Ако обвинетиот Груевски навистина веруваше во електрични автомобили и самиот ќе нарачаше еден наместо да нарачува луксузно мерцедеси од 600.000 евра.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Врв на неспособност, граѓаните едвај врзуваат крај со крај, власта им вели „немаме магично стапче“

СДСМ одреди уште 11 кандидати за градоначалници

А1он

Во вториот изборен круг, ќе има разговори и со партии од албанскиот блок, изјави Филипче

(ВИДЕО) Филипче: Граѓаните тонат во сиромаштија, власта ги држи платите ниски

Горан Наумовски

СДСМ: Не се доволни манго, папаја и аспарагус, сега Министерство за одбрана набавува кафе и алкохол за 31.000 евра

А1он

(ВИДЕО) Јанковиќ: Ѓорѓиевски молчи за дивоградбите во Чаир