Работниците останале без 600 евра минимална плата во 2028 година поради ССМ, Слободан Трендафилов и Трпе Деаноски. Политичката заробеност на ССМ, од страна на СДС се покажува на дело. Дека на Слободан Трендафилов и Трпе Деаноски како и ССМ како синдикат не им е грижа за работниците, се докажува по тоа дека одбиле 40 отсто зголемување на платите за административните службеници или минимум во бројка, над 10.000 денари за само две години од денес. Сето ова, само поради послушноста и потчинетоста кон СДС, се посочува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
– Доколку овој предлог односно ова зголемување на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ било прифатено од гранковиот синдикат УПОЗ, предводен од Трпе Деаноски и ССМ предводен од Слободан Трендафилов, минималната плата ќе изнесувала минимум 36.000 денари за административните службеници во 2028 година. Единствениот услов од Владата е да се потпише нов колективен договор до 2028 година, поради тоа што моменталниот е нејасно напишан и различно е толкуван, а згора на се и е истечен.
Но, поради политичкото заробеништво на ССМ, Слободан Трендафилов и Трпе Деаноски, од страна на СДС, тие одлучија да шуруваат со нив, сакајќи на овој начин да и наштетат на државата. Но не сфаќаат дека со ова наштетуваат на работниците, оние на коишто тие велат дека им мислат добро.
Поддршката од СДС и Левица за ССМ е само доказ дека тие немаат никаква искрена намера, туку само напад кон Владата, која дава се од себе за зголемување на платите и на пензиите, како што впрочем тоа го докажавме во образованието, во здравството, во полицијата, Министерството за одбрана, социјалата и за пензионерите, вели Манасиевски.