Манасиевски: Лицемерието на СДС се отсликува и во ССМ, бараат повисоки плати, а кога ќе ги добијат ги одбиваат

Од:

Лицемерието на СДС се отсликува и во ССМ, бараат повисоки плати, а кога ќе ги добијат ги одбиваат.

СДС и Филипче излегоа со предлог за 600 евра минимална плата, арно ама на следното прашање каде им е предлогот и дали Законот им е технички спремен и од каде ќе најдат средства за истото, Филипче вели – ќе биде.

ССМ и Трендафилов излегоа со предлог за 600 евра минимална плата и зголемување на платите, арно ама кога им велите дека ќе им го дадете она што го бараат до крајот на мандатот на Владата – не прифаќаат. Зошто? Затоа што се политички заробеници.

youtube.com/watch?v=Ozk1SOq3mL8&feature=youtu.be

Почитувани граѓани, почитувани работници,

Ние не ветуваме брда и долини, и не ветуваме чуда. Ние имаме искрен, чесен и достоинствен пристап кон подобрување на стандардот на граѓаните. Она коешто го затекнавме пред околу 2 години, беше уништена економија, дупки во буџетите, исцедени институции и крах на системот. Поради овие лоши економски политики, државата беше на раб на банкрот.

Но, ССМ и Трендафилов тогаш молчеа и беа неми. Затоа уште еднаш ги повикуваме, да се одважат да го прифатат предлогот на Владата и да го потпишат новиот колективен договор со којшто работниците во април 2026 година, би добиле покачување од околу 15%, или во бројка најмалото, најниското би изнесувало 3580 денари. Со оваа динамика која што Владата може да ја исполни, работниците од јавниот сектор ќе имаат минимална плата од 600 евра во 2028 година, рече на прес конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Во изминатото деноноќие 11 пријави за семејно насилство на територија на државата

Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

Левица: Извештајот на Европската комисија забележува дека ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт за партиска контрола и нетранспарентно трошење