Манасиевски: Додека Македонија тагувала, Филипче анексирал договори за да се спаси – Дали причината за пожарот на Модуларната во Тетово се 20% и каде завршиле тие

Од:

Додека Македонија тагувала и ги броела жртвите од пожарот во тетовската модуларна болница, Венко Филипче анексирал договори за градба за да се спаси.Венко Филипче кој дозволил да се изгради Модуларната болница во Тетово со неогноотпорни материјали, денови по пожарот склучува анекс со фирмата изведувач да ги промени панелите од кои се изградени контејнерите со огноотпорни, вели Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Имено Венко Филипче склучува анекс на договор со фирмата која ги гради модуларните болници и ја зголемил цената за 20%, само за да се променат материјалите во другите болници низ државата. Од тендерската документација и Основниот договор за набавка на работи бр. 23-1431/17 од 28.05.2021 јасно може да се утврди следново: член 7.3.1 од тендерската документација – договорниот орган во рамките на оваа точка не предвидел разлика, т.е. корекција на цени, туку напротив стои одредба дека цените искажани во понудата на најповолниот понудувач ќе бидат фиксни за целото времетраење на договорот. Во член 3 од Договорот исто така е предвидено дека единствените цени кои се дадени во понудата која е составен дел на Договорот истите ќе бидат фиксни и непроменливи по било кој основ. Следствено член 2 од Анексот бр. 23-1431/63 од 20.12.2021 е во целост спротивен на Основниот договор, па согласно член 116, 117 и 119 во врска со член 39 и 41 од ЗОО е ништовен. (Документ 1) Наместо Министерството за здравство да му наложи на изведувачот сите измени согласно договорот да ги направи и изработи на свој трошок, Министерството за здравство, пазете, му одобрува на изведувачот 20% зголемување на цената! Наместо Министерството за здравство, да бара од носителот да ги урне објектите кои ја загрозуваат безбедноста и да побара да си ги изведе на свој трошок работите, Министерството за здравство склучува анекс со промена на 20% повисоки цени. Ова е против законскиот и ништовен анекс бр.1 склучен и потпишан само од тогашниот министер Филипче.(Документ 2) Овој анекс е склучен на 20.12.2021 година, само две недели пред заминувањето на Филипче од позицијата министер за здравство, бидејќи веќе од јануари 2022 година, МЗ го презема Беким Сали. Анексот никогаш не е објавен на страната на ЕСЈН во делот на измени на договорот, рече Манасиевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Балканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски