МАН бара Телма да ја преиспита одлуката за отпуштање на 12-те новинари

Од:

Македонската асоцијација на новинари (МАН) смета дека отпуштањето на новинарите од телевизија Телма е непрофесионална одлука без однапред познати и посочени критериуми според кои 12 новинари останаа без работа преку ноќ, се вели во соопштение од Асоцијацијата.

МАН воедно бара телевизија Телма да ја преиспита одлуката, да објави критериуми и потоа да разговара со новинарите.

– Бидејќи се работи за новинари кои се во телевизја Телма повеќе од 10 години во случај на отказ треба да се даде неколкумесечен период до отпуштањето или еден вид апанажа, стои во соопштението од МАН.

Со одлука на раководството на Телма 12 вработени се прогласени за технолошки вишок заради, како што навеле, намалување на трошоците во телевизијата.

Би можело да ве интересира

ССНМ: Телма да ја повлече забраната за новинарите

Ана Ололовска

Новинарите на „Телма“ бараат да се повлече барањето на Кировски за цензура на статусите на социјалните мрежи

Ана Ололовска

ЗНМ ја осуди забраната на „Телма“ за коментирање на интернет

Ана Ололовска

Пцости и вербални напади врз новинари на Телма на протестот „За заедничка Македонија“

А1он

Заменик командант на единица во МВР спречил да се фатат напаѓачите на екипата на А1он

А1он

Телма силно ги осудува радикалните повици на Јовановски

А1он