Mамел на возачки испит преку мобилен телефон

Од:

Педесет и тригодишен кумановец кој два пати не можел да положил за возачка дозвола, денеска е фатен додека се обидувал да ја измами испитната Комисија за полагање на возачки испит од Сообраќајниот испитен центар „Топ Драјвер“ во Куманово додека траел писмениот тест, извести МВР.

Неговиот обид за измама бил забележан од членовите на Комисијата, па на помош ја повикале полицијата. Кога пристигнале полицајците, е откриено дека додека траело полагањето на возачкиот испит еден од кандидатите на себе имал инсталирана опрема за пренос на слика и тон. Педесет и тригодишниот измамник Д.М. од Куманово, под кошулата, на градите имал инсталирано камера поврзана со слушалки и мобилен телефон.

Во истрагата е дознаено дека тој два пати го полагал теоретскиот дел од возачкиот испит и не положил, па од инструкторот дознал дека во автошколата во Куманово, има лице кое што ќе му помогне да го помине и положи целокупниот возачки испит, а за услугата требаl да плати 500 евра. МВР денеска најави дека има докази дека и во другите градови во Македонија постојат вакви случаи, а цената на услугата достигнува дури и до 1.000 евра во зависност од категоријата на возачкиот испит.

Би можело да ве интересира

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини