Малолетник возел автомобил и тешко повредил мотоциклист

Од:

Седумдесетгодишник е тешко повреден и пренесен на скопските клиники по сообраќајната несреќа што се случила на мостот во близина на гостиварската кланица. Првично, несреќата ја предизвикал малолетник кој возел пребрзо по улицата.

Според СВР Тетово, сообраќајната несреќа се случила во 14.30 часот на улицата „Беличица“ на мостот преку Вардар. Во гостиварецот Р.И. (70) кој управувал мотоцикл со приколка, удрило возило „опел вектра“ управувано од 16-годишник од Долна Бањица.

Мотоциклистот набрзо е пренесен во гостиварската болница од каде како итен случај е пренесен во една од скопските клиники.

Од СВР Тетово информираат дека на местото на настанот се уште се врши увид, по што ќе биде појасно како дошло до несреќата.

Портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски нагласува дека појавата управување моторно возило без дозвола во полошкиот регион има нагорен тренд и добива загрижувачки размери.

– За разлика од минатите години кога имаше под илјада пријави, лани во Полошко биле откриени 2.726 случаи. Само во април годинава во Гостиварско откриени се 115 лица кои кои ги управувале возилата без положен возачки испит и адекватна, валидна дозвола за тоа, рече Јосифоски.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он