Малолетник кој управувал мотор без дозвола удрил во 81 годишен пешак во Битола.
„ На 10.6.2024 во 9.18 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Добривоје Радосављевиќ“ и ул.„Рузвелтова’’ во Битола, мотоцикл со битолски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Битола, удрил во пешакот Б.Б.(81) од Битола.“ велат од МВР.
Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола. Увидот на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.