Малолетник прободел со нож 19-годишник на автобуска постојка во Скопје

Од:

МВР информира дека синоќа околу 20 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје привеле малолетник од скопско, постапувајќи по претходна пријава од Р.Т.(19) од скопско, дека околу 19.35 часот на автобуска постојка на територија на Карпош, две лица го нападнале и му била нанесена повреда со остар предмет.

Кај малолетникот бил пронајден и одземен нож, извршен бил службен разговор во Полициската станица Карпош, во присуство на родител, при што малолетникот го појаснил начинот на извршување на кривичното дело.

По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Во Скопје утре изменет сообраќаен режим поради протестен марш

Листите на адвокати по службена должност во полициските станици во Скопје стари по 12 години

Во Скопје казнети 370 возачи , 62 неисправни и нерегистрирани возила

А1он